Ќе се поставуваат камери во студентските домови за да се лови некултурата на студентите
Foto

Ќе се поставуваат камери во студентските домови за да се лови некултурата на студентите

Видео камери во студентскиот дом Пелагонија ќе ги ловат студентите кои непрописно ќе фрлаат ѓубре. Оние кои ќе бидат фатени, прво ќе добијат опомена, потоа казна а ако и трет пат непрописно фрлат ѓубре ќе бидат избркани од домот. Откако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои се гледаат купишта ѓубре во дворот на студентскиот дом Пелагонија, денеска акција за чистење организираа комуналните служби на Градот Скопје.

И самите студенти признаваат дека кај дел од нив културата и совеста е на многу ниско ниво. Студентите заработија и жестоки критики во јавноста, дека како идни академски граѓани не им доликува однесувањето и фрлањето ѓубре каде стигнат. Сепак и по објавувањето на фотографиите на социјалните мрежи отпадот го исчистиле вработените, а не студентите во домот.

0 Коментари

Остави коментари