ЌЕ ПРОПАДНАТ ИСТРАГИ НА СЈО, БОМБИТЕ НЕМА ДА БИДАТ ДОКАЗИ?
Foto

ЌЕ ПРОПАДНАТ ИСТРАГИ НА СЈО, БОМБИТЕ НЕМА ДА БИДАТ ДОКАЗИ?

Стотина предистраги и истраги на СЈО може да пропаднат ако пратениците го изгласаат законското решение со кое се предвидува СЈО во иднина да не ги користи прислушуваните разговори. Ова е трето законско решение коешто го предлагаат партиите, надвор од законите за СЈО на работната група и самото обвинителство. Бомбите би се користеле евентуално како појдовна точка за истрага, а не и како докази. Доколку власта и опозицијата изгласаат, тогаш во вода ќе паднат и последните десетици истраги кои беа објавени, а за кои сеуште нема поднесено обвинение. Меѓу нив се истрагите за функционерите на ДУИ, Бујар Османи и Али Ахмети.

СЈО би продолжило да функционира со проширени надлежности и да гони функционери, за коишто сега е надлежно обвинителството за организиран криминал. Се испитуваат можности како ќе се разграничи, што да гони СЈО, а што редовното обвинителство.

За дел од истрагите кои беа преземени од другите обвинителства СЈО сеуште може да поднесува обвиненија, како на примр случајот Империја во кој обвинети се Сашо Мијалков и Орце Камчев. Иако се очекуваше судбината на СЈО да се реши по изгласувањето на Уставните измени, ТВ24 веќе објави дека можно е тоа да се случи по претседателските избори на пролет. СЈО беше формирано во 2015-та година, со поддршка од четирите најголеми политички партии. Целта беше гонење на криминал кој произлезе од опозициските бомби.

0 Коментари

Остави коментари