Ќе има ли повисока цена на струјата?
Foto

Ќе има ли повисока цена на струјата?

ЕСМ од утре ќе започне со подготовки за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино - по владината одлука комбинатот да стартува со работа по цели 12 години, поради енергетската криза.

По одлуката, првиот човек на ТЕЦ Неготино, Небојша Сстојановиќ за тв24 рече дека комбинатот е редовно одржуван и веднаш штом се набави мазут може да почне со работа.

Во меѓувреме се поизвесно е дека ќе има зголемување на цената на струјата. Според информации на тв24 на следната владина седница, неделава ЕСМ ќе предложи повисока цена на електричната енергија.

Неофицијално се размислува за десетина проценти. Владата на 9-ти месецов прогласи кризна енергетска состојба, во траење од 30 дена.

0 Коментари

Остави коментари