Ќе има ли договор за избори во јули?
Foto

Ќе има ли договор за избори во јули?

Нова лидерска средба најверојатно на почетокот на следната недела – дотогаш Зоран Заев и Христијан Мицкоски со дипломатски посредници ќе се обидат да ги доближат позициите.

Неофицијално според дипломатски извори   на маса е првата недела од јули, односно 5 јули. 

Официјално пак партиите остануваат тврди на позициите, нивните функционери пак наголемо во кампања. Дел од носителите на ВМРО-ДПМНЕ  веќе во кампања - се промовираат спотови околу нивниот предлог за летување во земјава. Од друга страна пак кандидатите на СДСМ и коалицијата од утре излегуваат на терен во 1, 3, 4, а по празникот и во другите изборни единици, а ќе им се придружат и од БЕСА.

Првиот опозционер порача дека тој нема да попушти под закани, но вели дека е подготвен за компромис доколку има аргументи за него. На валдата и порача дека според изборниот законик ако планира да ги спроведе мерките од третиот сет избори не може да има до 30 јули.

„Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа.“ - изјави Мицкоски.

За власта пак уредбата е јасна – доколку нема договор –  22 дена по прекинување на вонреедната сосотојба ќе има избори. Премиерот не знае кога ќе има лидерска.

„Дали ќе има нова лидерска средба за одредување датум за избори не знам, но датумот е одреден со Уредба со законска сила до завршување на вонредната состојба. Потоа за 22 дена треба да се одржат избори.“ - рече Спасовски.

Од партија на Али Ахмети децидни – чека одговор. Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи повтори потребни се избори со консензус 

По дебаклот на лидерската во понеделникот, Заев го зацементира 21 јуни, за Мицкоски пак најран термин е 23 август. Чиј  прв цимент ќе попушти според најавите треба да се знае следната недела.

0 Коментари

Остави коментари