Ќатип Османи е нов тренер на Шкупи
Foto

Ќатип Османи е нов тренер на Шкупи

Шкупи не чекаше долго за да го ангажира откажаниот тренер од Шкендија, Ќатип Османи. Претпладнево тој беше претставен како нов стратег на тимот од Чаир, како наследник на Турчинот Булент Акин. „ФК Шкупи со задоволство го објавува договорот со познатиот тренер Ќатип Османи. Еден од најтрофејните тренери во земјава, го презема раководството на нашиот тим и веќе го стави потписот за соработка, а ќе се задржи во клубот до 2021 година. Османи своето деби со нашиот тим ќе го има во среда (25.09.2019) на натпревар од Купот со ФК Силекс, додека дуелот со Академијата Пандевин екипата ќе ја предводи Орхан Абди“, соопштија од клубот. Османи пред нешто повеќе од две недели беше избркан од Шкендија, поради слаби резултати во новата сезона во која не успеа да запише победа во домашниот шампионат. Со оваа екипа тој освои три титули во првенството на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари