Кирил Лазаров: Македонско - бугарските односи се со голема економска перспектива
Foto

Кирил Лазаров: Македонско - бугарските односи се со голема економска перспектива

Претседателот на Македонско - бугарската економска комора, Кирил Лазаров смета дека има македонско - бугарските односи имаат голема економска перспектива.

„Важно е економските односи да се темелат на взаемна доверба, разбирање и комуникација. Таа атмосфера зависи и се гради низ призма на затворени политички, историски и било какви други прашања. Тоа е сигналот кој инвеститорите го очекуваат на крајот на денот. Никогаш никој не би инвистирал ако има атмосфера на блокади, конфликти, корупција. Она што треба да се направи во стратегиска смисла на зборот е да се најде начин како овие прашања да се затворат и го обременуваат општеството. За жал можам да констатирам дека пропуштивме еден значаен период на економска соработка со Бугарија. Многу ниско ниво до сега на инвестиции во инфраструктурата која не поврзува со Бугарија. Од наша перспектива тоа е навистина штета, Бугарија има силни пристаништа и конеции по морски пат со Русија, Турција и други земји од ЕУ заради стратегиското значење на Црното море и тоа би било фантастично ако може преку Солун или Драч да се пласираат големи контигенти на стоки, услуги и производи. Тоа е иднината“ - вели Лазаров.

0 Коментари

Остави коментари