Кирацовски: Ако опстои бугарското вето, Димитров да поднесе достоинствена оставка!
Foto

Кирацовски: Ако опстои бугарското вето, Димитров да поднесе достоинствена оставка!

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, во интервју за Фокус вели дека вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември.

–Зборувам за херојска и достоинствена оставка која ќе испрати силна порака дека неоправданото одолговлекување на нашата ЕУ интеграција, вон наша моќ и вина станува неприфатлива и не чини многу. Првиот аргумент кон тој потег лежи во депласираноста на неговата актуелна функција, а вториот аргумент е поврзан со наивноста да се потпише и ратификува договор со Бугарија кој нема цврсти меѓународни гаранции дека историјата останува на историчарите, а нашиот почеток на ЕУ преговорите е безусловен и независен од исходот на Комисијата за историски и образовни прашања – вели Кирацовски.

Во интервјуто, тој говори за причините за неговото повлекување од функцијата во СДСМ, за внатрепартиските состојби, за случајот „Рекет“.

0 Коментари

Остави коментари