Кинеските работници од „Синохридро“ се враќаат во Македонија – засилен здравствен надзор
Foto

Кинеските работници од „Синохридро“ се враќаат во Македонија – засилен здравствен надзор

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во Македонија, немаат симптоми на коронавирусот - тврдат  од македонскиот институт  за јавно здравје. Лицата веќе биле во карантин 14 дена во Кина, но ќе останат под здравствен надзор и на нашите епидемиолошки служби.

Следната недела се очекува да пристигнат и останататите работници од Кина. Според податоците на Агенцијата за враотување вкупно 34 Кинези работат во земјава. Здравствените власти велат дека сите ќе подлежат на здравствен надзор по пристигнувањето во земјава.

„Сите лица што доаѓаат организирано да работат од Синохидро или се организирани во гурпи претходно ќе поминат 14 дневен третман на самоизолација во Кина и бидете сигурни дека тие лица што ќе дојдат со организиран превоз во нашата држава во моментов се сигурни односно не биле во контакт со лица болни од коронавируост“. - вели д-р Жарко Караџовски – Институт за јавно здравје. 

Македонецот пак кој беше заразен со корона вирусот на крузерот во Јапонија е во стабилна здравствена состојба, но се уште е во болница, информираат од Министерството за надворешни работи. Останатите двајца Македонци кои работеле на бродот се во добра состојба, но се уште не се евакуирани.

„Започната е постапката за евакуација на патниците на бродот кои имаат негативни тестови, но согласно најновите официјални информации членовите на екипажот, меѓу кои се нашите двајца државјани, засега остануваат на бродот“. велкат од министерството за надворешни работи

Здравствените власти тврдат дека досега нема ниту еден заразен со корона вирусот во Македонија. Термалните камери кои веќе еден месец се поставени на македонските аеродроми досега не регистрирале ниту еден сомнителен случај со вирусот.

0 Коментари

Остави коментари