Кина не дозволува Грција да извезува производи кои се декларирани како „македонски”
Foto

Кина не дозволува Грција да извезува производи кои се декларирани како „македонски”

Русија и официјално ја призна земјава под новото име Р.СевернаМакедонија. Информацијата ја потврдија и од владината прес служба откако синоќа рускиот амбасадор во земјава , Сергеј Баздникин му врачил на премиерот Заев копија од нотата на руското МНР, донесена врз основа на одлуката на рускиот претседател, земјата да го признае новото име на нашата држава . На средбата во кабинетот на премиерот двајцата соговорници ги потврдиле заложбите на двете земји за одржување на традиционално пријателски односи низ активен дијалог .

Во дописот на Руската федерација до Министерството за Надворешни работи се наведува:

- „Амбасадата на Руската Федерација во Р. Северна Македонија му го изразува своето почитување на Министерството за надворешни работи на Р. Северна Македонија и во врска со нотата на министерството од 19 февруари 2019 година има чест да информира дека согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација го признаваме новото име Р. Северна Македонија.“

Деновиве се отвори сериозна полемика околу тоа дали Русија тактизира со признавањето на новото име на државата откако натоварени камиони имаа застој во истоварот на продуктите кои ги носа од земјава поради недопрецизираноста со сертификатите во документацијата . Исто така се отвораше и прашањево каков ќе биде ставот на Грција доколку Русија во скоро време не се произнесеше по однос на новото име .

Во насока пак на ставовите на големите сили портпаролката на Нова Демократија Марија Спираки во интервју за грчкиот медиум Скат ја пренесе пораката од Кина која пак излегла со став дека името македонски не може да се користи во производите на грчка компанија ако за тоа нема одобрение од страна на Р. Северна Македонија .

- „Кинеските власти тврдат дека терминот македонски не може да се користи во производ освен ако за тоа нема согласност од страна на Р. Северна Македонија. Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија.“ - изјави Марија Спираки.

Наспроти ова пак претседателот на грчкото собрание Никос Вуцис пак во интервју за грчкото државно радио се осврна на решението меѓу двете земји укажувајќи на бенефитите од Преспанскиот договор. Но и исто така потсети дека во тек се подготовките за посетата на Ципрас на 2 април во Скопје иако повеќе детали не откри .

0 Коментари

Остави коментари