Полицијата на вуковарско-сремската жупанија денес пронајде девет странски државјани, заробени во дрвен сандук во товарно возило со кое управувал шверцер.
Мигрантите се пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштетот Растовица, за време на контрола на возило со полски регистарски ознаки, во специјален сандук направен од иверца кој бил затворен со завртки.
– При отворањето на сакндукот, полициските службеници пронашле и веројатно ги спасиле животите на девет странски државјани – три мажи, две жени и четири малолетни лица. Во моментот на отворање на сандукот, полициските службеници почувствувале значително зголемена температура и загушлив воздух – соопшти локалната полиција.
За овој случај се уапсени три лица, еден државјанин на Украина и двајца на Полска.
0 Коментари