Хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со сомнителни на ковид-19
Foto

Хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со сомнителни на ковид-19

Сите хотели и туристички објекти во грција ќе мора да имаат план за управување со сомнителен случај на ковид-19 додека пак хотелите со капацитет од 50 и повеќе соби ќе мора да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, се наведува во најновите здравствени протоколи на министерството за туризам на Грција.

Меѓудругото, секој туристички објект треба да одреди лице одговорно за спроведување на планот за справување со сомнителен случај на корона вирусот, како и лекар соработник.

Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.

Грчките хотели кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, додека пак останатите туристички објекти, две седмици подоцна, односно на 15 јуни 2020 година.

0 Коментари

Остави коментари