Холандија се соочува со најголеми протести во последните неколку децении
Foto

Холандија се соочува со најголеми протести во последните неколку децении

Во Европа се зголемува незадоволството поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид 19.

Повеќемесечниот локдаун резултираше со нездоволство кај повеќето грашани ширум Европа – а најсилно ја погоди Холндија - со водени топови и солзавец се растураат толпите - земјата се соочува со најголеми протести во последните неколку децении. Стотици насилни млади луѓе излегоа на улиците, а се судрија и со полицијата.

Со цел дополнително спречување на ширењето на коронавирусот грчката полиција, по препорака на епидемиолозите, забрани јавни собири на над 100 лица. За прекршувачите предвидени се казни од 300 до 5.000 евра.

Против рестриктивните ковид мерки протести и апсења викендов имаше и во Данска.

Во Полска угостителите и туристичките работници протестираат против продолжувањето на рестриктивните мерки. Претставници на повеќе од сто хотели, ресторани, барови, како и бројни претприемачи од забавната индустрија, минатата недела заедно излегоа на Твитер, најавувајќи дека повторно ќе започнат со работа.

Владините мерки во борбата со Ковид 19 ги налутија и дел од сопствениците на ресторани и кафулиња во Чешка. Иако им е дозволено само доставување на храна за носење – тие викендов ги отворија вратите за гости. Полицијата поведе неколку прекршочни постапки, а предвидени се и казни до 800 евра.

Полни раце работа изминативе денови имаа и полициските службеници во Велика Британија и Германија, каде се растураа нелегални забави, а беа поднесени и низа обвиненија за непочитување на мерките.

Од Германија денеска песимистички ставови. Пандемијата излегува од контрола предупреди германската канцеларка Ангела Меркел. Германски „Билд“ пишува дека Меркел ќе побара заострување на веќе постоечките мерки со цел да се спречи најлошото по ширењето на новиот вид на коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари