Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место
Foto

Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

Данкан Лоренс од Холандија победи на годинешниот избор на Евровизија. Според гласањето на жирија од сите земји учеснички на фестивалот Шведска доби 239 бода, а Северна Македонија само два бода помалку, 237. Публиката за Македонија даде 58 поени со што заврши на 8 место. Ова е досега најдобар пласман на Македонија на Евровизија. 

Aвтори на песната се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали на Тамара беа Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. 

Tамара блесна на сцената со маестралната изведба на Proud. Водеше до самиот крај со 23 поени за да освои 295 поени со гласовите од телевоутингот. Со прекрасна изведба, таа уште среде изведбата доби голем аплауз. Шведска го презеде водството на самиот крај, но телефонското гласање беше пресудно. Напнатоста беше неизвесна до самиот крај.

Во вечерашното финале настапија 26 земји, а гласаа сите учесници или вкупно 41 земја. Директен пласман во финалето на Евровизија имаа Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија. Во ревијалниот дел на финалето настапи Мадона. Најстапија и дел од минатогодините победници Кончита, Верка Сердучка, Елени Фоуреира, Манс Зимерлов, кои ги отпеаја поранешните победнички песни.

12 поени Северна Македонија ја додели на Италија. 12 поени добивме од Австрија, Унгарија, Молдавија, Велика Британија, Албанија, Србија и Швајцарија.

0 Коментари

Остави коментари