ХЕПАТИТ Ц ОТКРИЕН КАЈ ШЕСТ ПОРАНЕШНИ ПАЦИЕНТИ НА ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА
Foto

ХЕПАТИТ Ц ОТКРИЕН КАЈ ШЕСТ ПОРАНЕШНИ ПАЦИЕНТИ НА ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА

Хепатит Ц откриен кај шест поранешни пациенти на штипска ортопедија. Првите два случаи се пријавени на крајот од јули.  Од Клиничката болница ја потврдуваат информацијата, но тврдат дека нема сигурен доказ дека пациентите вирусот го добиле за време на нивниот престој во болницата. Според раководството на болницата и претседаталеката на Комисијата за интерболнички инфекции,  се работи за хетерогена повозрасна група на пациенти кои биле хоспитализирани поради различни причини и добиле различни болнички третмани. Тврдат дека веќе ги презеле сите мерки за стерилизација и дезинфекција, а вирусот не е изолиран  ниту кај медицинскиот персонал. Од Клиничката болница велат дека по 1-ви септември сите пациенти кои ќе бидат хоспитализирани ќе мора претходно да направат и тестови за хепатит Ц.

0 Коментари

Остави коментари