Хемичари за ТВ24: Метил акрилатот не требало да се мие со вода, туку со органски растворувачи
Foto

Хемичари за ТВ24: Метил акрилатот не требало да се мие со вода, туку со органски растворувачи

Додека се чека решение за опасниот винил хлорид кој како темпирана бомба стои во резервоар во кругот на поранешната фабрика ОХИС, професори од Институтот за хемија порачуваат дека  има две можности, да се полимеризира на лице место и од него да се добие полимерот поливинил хлорид (PVC), пластика.

Најважно е како ќе се отвори вентилот порачуваат во дебатата на ТВ24 професорите Јане Богданов и Виктор Стефов. За инцидентот со истекувањето на метил акрилат мономер при миење со вода, професорите велат дека такво соединение не се измива со вода, туку со органски растворувач како метанол, етанол и слично.

Миењето на резервоарот од метил акрилат мономер со вода не било предвидено и во елаборатот вели Славјанка Пејчиновска-Андонова технолог инженер од „Екомозаик“- консултантската фирма ангажирана од „Екоцентар 97“, за да даде насоки како да се отстрани опасен отпад.

Пејчиновска вели дека елаборатот предвидел ризици, а напишале 26 извештаи од извршени активности за реализација на проектот, за препакување, складирање и извоз на отпадот. При вршење на испитувања поврзани со линданот, констатирано е дури присуство во воздухот во населбата Ѓорче Петров. Сите буриња со опасен хемиски отпад кои треба да се уништуваат надвор од Македонија  сега безбедно се чуваат.

0 Коментари

Остави коментари