Хан: Очекуваме лидерство од ЕУ, поминавте тежок пат
Foto

Хан: Очекуваме лидерство од ЕУ, поминавте тежок пат

Хан на денешната прес конференција истакна дека Македонија поминала долг пат кон евроинтеграциите. Тој потенцираше дека македонците заслужуваат подобар живот и да не мора да ја напуштаат во потрага по подобар живот. 

„Ние како европјани треба да ги признаеме сите овие напори. Се работи за јасен сигнал за заложба за европските перспективи на земјите како Северна Македонија и Албанија. Ова се очекува после сите мерки кои се преземени од двете земји. Има многу говори дека Европа треба да има улога на светско ниво, но ако не може тоа да го направиме во нашиот двор ќе изгубиме кредибилитет тоа да го правиме надвор. Можам да побарам од нашите идери да дадат зелено светло за процесот и се согласуваме со премиерот дека треба да работите на понатамошно брифирање на нашите методологии.“ - истакна Хан.

Хан истакна дека му кажал на Макрон дека предлозите се јасни и дека тој е оптимист дека ќе има позитивен исход утре и задутре.

0 Коментари

Остави коментари