Хан очекува да биде одреден датум и годинава да бидат отворени првите поглавја
Foto

Хан очекува да биде одреден датум и годинава да бидат отворени првите поглавја

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

Хан во обраќањето на дебатата „Нови перспективи за Република Северна Македонија“ во организација на Виенскиот економски форум, кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.

Нагласи дека Северна Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.

Еврокомесарот Хан порача дека без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари