ХАН: ЌЕ ИМА ПОЗИТИВНА ПРЕПОРАКА, НО ДАТУМОТ НЕИЗВЕСЕН
Foto

ХАН: ЌЕ ИМА ПОЗИТИВНА ПРЕПОРАКА, НО ДАТУМОТ НЕИЗВЕСЕН

Давам се од себе да добиеме согласност од сите земји-членки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија, вели во разговор за РСЕ, еврокомесарот Јоханес Хан. Тој се надева дека двете земји ќе добијат зелено светло пред почетокот на летото, вели во разговор за Радио Слободна Европа еврокомесарот Јоханес Хан. На прашањето дали двете земји ќе добијат зелено светло во октомври, наместо во јуни, Хан вели:  „Па, има некои дискусии, но јас сум фокусиран да има одлука пред летото, бидејќи тоа секогаш беше нашата намера. Ние ќе го претставиме нашиот годишен извештај за две недели, каде што сигурно ќе дадеме позитивна препорака за двете земји. Се разбира, секогаш има некоја работа што треба да се направи. Но, особено кога станува збор за северна македонија, мислам дека треба да го признаеме големиот напредок што оваа земја го направи во надминувањето на билатералните конфликти, што е предуслов за идно членство“.

0 Коментари

Остави коментари