Хан и Заев се оптимисти дека во петок ќе има позитивна одлука
Foto

Хан и Заев се оптимисти дека во петок ќе има позитивна одлука

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа, порача премиерот Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јохаен Хан.

Македонскиот премиер вели и дека некои членки имаат потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата процеса можат да одат паралелно.

„Јас сум тој што разговарав со пратениците убедувајќи ги дека е вредно дури и да го смениме нашето усвано име и нашиот устав, за нашата иднина во европскорто семејство. Ние тоа го направивме, успеавме да обезбедиме дво третинско м,нозинство и го променивме нашиот устав и нашето уставно име. Добивме еден многу важен пријател, Грција. Верувам дека одлуката навистина ќе биде донесена на Европскиот совет.“ - изјави Заев.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пак истакна дека Македонија поминала долг пат кон евроинтеграциите и дека граѓаните заслужуваат подобар живот. Потенцираше и дека треба да се почитуваат сите напори кои ги направила државата и тие да се земат во предвид кога ќе се носи одлуката за почеток на преговорите.

„Огромно мнозинство земји бара зелено светло за подготовка на почеток на преговорите, сега таа одлука е на ниво на лидерите, и се надевам дека ќе одлучат врз основа на поширока политичка проценка. Ако ЕУ сака да има поголемо влијчание во светот, ќе мора прво во својот двор да покаже е во можност да го направи тоа. На коцка се ставаат европската отчетност и кредибилитет ако нема позитивна одлука, и јас ги повикувам лидерите да дадат зелено светло за процес што ќе трае повеќе години. Ние мора да работиме на подобра методологија за процесот на проширувањето, но не на сметка на земјите од Западен Балкан, тоа мора да се прави паралелно.“ - рече Хан.

И двајцата се согласни со францускиот претседател дека е потребна внатрешна реформа во Европската Унија и подобрување на преговарачкиот пристап, но додаде и дека нема никаква причина процесите да не одат паралелно. Хан притоа го потсети Емануел Макрон на неговата изјава дадена во Белград пред неколку месеци дека двата процеса можат да одат рака под рака.

0 Коментари

Остави коментари