Халанд е првиот играч во ЛШ со шест гола во првите три кола
Foto

Халанд е првиот играч во ЛШ со шест гола во првите три кола

Напаѓачот на Салцбург, Ерлен Халанд беше првиот играч кој постигна шест гола на првите три натпревари во Лигата на шампионите.

Деветнаесет годишниот Норвежанец беше двоен стрелец синоќа во поразот од Наполи (2:3) на домашен терен.

Оваа сезона, Халанд има одиграно 12 натпревари за Салцбург, во кои постигна 18 голови и направи пет асистенции.

0 Коментари

Остави коментари