ХАКЕРСКИ НАПАД НА МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ
Foto

ХАКЕРСКИ НАПАД НА МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ

Илјадници граѓани утрото пријавиле дека добиле телефонски повици од непознати странски броеви, најчесто со префикс +881 кој не е евидентиран како повикувачки број од ниту една држава. Повици имало и со префикс 370, што според меѓународните кодови е за ЛитвАнија. Тие што одговориле велат дека повикот траел кратко. Некои дури и не успеале да се одговорат на звонењето. За повиците граѓаните споделуваа на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваа да не одговараат на повиците.

Директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски изјави дека телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите. Во меѓувреме, тој ги советува граѓаните да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на ситеа мобилни оператора во земјата.

„Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов.“ - изјави Димитријоски.

Од Македонски Телеком соопштија дека се регистрирани повици од непознати дестинации кон корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.

„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.“ - соопшти Македонски Телеком.

Оваа меѓународна измама во светот е позната како „вангири“, а потекнува од јапонија. Но што се случува доколку одговорите на повикот или, пак, доколку се обидете да се јавите откако ќе забележите дека имате пропуштен повик. Ве поврзува со таканаречени премиум броеви и ве задржуваат што е можно подолго на линија. Колку подолго ве задржат, толку повеќе ќе ве чини овој повик, и нивната заработка ќе биде поголема, а вашата сметка ќе достигне астрономска сума.

Вакви измами во минатите неколку години се регистрирани во повеќе земји во светот. Измамниците пристапуваат до телефонските броеви на луѓето по нелегален пат, односно со „протекување“ податоци.

Во минатите неколку недели се забележани вакви повици од телефонски броеви со префикси од естонија, литванија и нигерија.

0 Коментари

Остави коментари