КФСМ го одложи редовното годишно собрание
Foto

КФСМ го одложи редовното годишно собрание

Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение информираше дека редовното годишно собрание, кое требаше да се одржи месецов, ќе биде одложено.

Причината е пандемијата од ковид – 19 и превентивните мерки кои се превземени за заштита од истата поради кои нема услови за да се одржи собранието.

„Кошаркарската федерација на македонија како сериозна и одговорна организација која е целосно посветена на заштита на здравјето на луѓето, ќе го закаже терминот за одржување на редовното годишно собрание штом ќе се создадат законски дозволени и целосно безбедни по здравјето на луѓето услови за одржување на истото.“ - се вели во соопштението на федерацијата.

 

0 Коментари

Остави коментари