Казни за Гасли и за Џовинаци на стартот во Монако
Foto

Казни за Гасли и за Џовинаци на стартот во Монако

Пјер Гасли и Антонио Џовинаци добија казни од по три позиции на стартот за денешната трка во Монте Карло. Причината за тоа и во двата случаја е пречење во квалификациите на возачи зад нив, кои правеле летечки круг.

Во првата сесија, Џовинаци го блокираше Нико Хулкенберг во свиокот Раскас, па затоа наместо од 15. место, кое го заработи, ќе стартува 18-ти. Тоа значи дека несреќниот Шарл Леклер од Ферари, кој не по своја вина се најде на 16. стартна позиција, ќе има напредок од едно место.

Судиите беа еднакво строги и со Пјер Гасли, кој во втората квалификациска сесија се испречи некоректно пред Ромен Грожан, пред свиокот Мирабо. Грожан беше во налет да оствари време кое ќе го однесеше во Ку-1, но поради оваа случка не успеа. 

Гасли го освои петтото место, што значи денеска ќе стартува осми. Од ова ќе профитираат Магнусен, Рикардо и Квјат.

 

0 Коментари

Остави коментари