Казни за дел од станоиздавачите во Охрид – инспекторите на терен за време на карантинскиот викенд
Foto

Казни за дел од станоиздавачите во Охрид – инспекторите на терен за време на карантинскиот викенд

Од 26.02 кога беше регистриран првиот случај на ковид 19 вирусот досега се прошири во 31 град во земјава. Најголем дел од случaите се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар.

Според извештајот на институтот за јавно здравје од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово. Од струшко, селото Лабуништа е на врвот со најголем број починати граѓани.12 жени и двајца мажи е  досегашниот биланс.

Епидемиолозите велат кај дел од починатите се регистрирани коморбидитети најчесто кардиоваскуларна болест дијабет или белодорбна болест, но проблемот е и во тоа што голем дел од пациентите не се пријавувале навреме,ги криеле симптомите на вирусот и се лекувале дома. Од регистрираните смртни случаи во земјава, поголемиот дел се пациенти на возраст од над 60 години.

Но, високата бројка на смртност кај населението од струшкиот регион конечно почна да ја зголемува свеста кај жителите. Од Центарот за јавно здравје Охрид велат пациентите веќе почнуваат сами да доаѓаат на тестирања за разлика од претходно кога контролите се вршеле исклучиво со полициска придружба. Во Лабуништа сега активен е само еден случај, но вирусот почна да се шири и во околните села од регионот.

Епидемиолозите предупредуваат дека се додека граѓаните не ја сфатат сериозната на вирусот и не ги почитуваат мерките за заштита, бројката на новозаболени, но и починати постојано ќе биде во пораст.

Задолжително носење маска, држење социјална дистанца, дезинфекција на рацете, навремено пријавување на симптомите и воздржување од групирања и собири се постојаните апели на здравствените власти од почетокот на епидемијата, а поготово сега кога земјава е единствена во регионот која се соочува со втор бран на ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари