Катица Јанева се уште не ја поднела оставката до Советот на јавни обвинители
Foto

Катица Јанева се уште не ја поднела оставката до Советот на јавни обвинители

Колку оставката на Катица Јанева е навистина оставка? По 11 дена откако ја најави, шефицата не ја испратила оставката до Советот на обвинители кој треба да ја верификува. Јанева даде услов дека ќе го напушти СЈО кога ќе изберат нејзин наследник, што најверојатно ќе се поклопи со терминот кога всушност и истекува мандатот 15 септември. Патем порача и дека се повлекува за да не влијае на истрагата Рекет. Ова прашање е реторичко велат невладините кои и самите се зачудени условената оставка.

„Реторичко прашање е дефинитивно е ова. Оставка на два месеца пред истек на мандатот, со тоа што вие ја вршите функцијата натаму, навистина не знам како да го коментирам... Ние не бевме информирани дека не ја поднела до Советот на јавни обвинители.“ - изјави Натали Петровска -Коалиција за правично судење.

Граѓанските организации и порачуваат на власта да не го имитира ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски и да не носи суштински закони преку ноќ. За најновиот предлог- законот за јавно обвинителство не се консултирани велат од Блупринт групата на невладини кои ги следат судските реформи.

„Не може таков закон да биде резултат на политички преговарања. Беше важно да има јавна расправа, но веќе е касно за такво нешто.“ - изјави Уранија Пировска – Хелсиншки комитет.

Тие сепак не се откажуваат од идејата СЈО да си остане посебно одделение во рамки на одделот за гонење на организиран криминал.

„Интегрирање а не асимилирање во ансока да може да опстои . Во овој момент додека постои СЈО невозможно е да се дадат на друга надлежност.“ - изјави тонско ранија Пировска – Хелсиншки комитет.

Без оглед на евентуалната инволвираност на Катица Јанева во Рекет невладините порачуваат дека СЈО со останатите обвинители и правници треба да продолжи да се бори со високата корупција. Истрагите отворени по 30 јуни 2017 кои опозицијата ги оспорува се доведени во прашање, а владата го развлече процесот во Собранието кое требаше да пресече дали СЈО е надлежно за овие истраги или не- како што одлучи Врховниот суд. Иницијативата за толкување од обвинителот Љубомир Јовевски стасана кај Талат Џафери кој за тв24 потврди дека повеќе месеци го чека мислењето од Илинденска бр2.

0 Коментари

Остави коментари