КАТИЦА ЈАНЕВА ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА, СОСТОЈБАТА И БИЛА КАТАСТРОФАЛНА, ТВРДАТ АДВОКАТИТЕ
Foto

КАТИЦА ЈАНЕВА ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА, СОСТОЈБАТА И БИЛА КАТАСТРОФАЛНА, ТВРДАТ АДВОКАТИТЕ

Катица Јанева не се враќа во „Шутка“, туку останува на испитувања во приватната клиника „Жан Митрев“. Анализите покажале срцеви аномалии за кои се потребни дополнителни тестирања.

Адвокатите на Јанева за ТВ 24 велат дека откако ќе го добијат, ќе подготват приговор  на обвинението на Русковска со кое поранешната шефица на СЈО е обвинета за злоупотреба на службената положба. Русковска ја товари Јанева дека како награда добила не само мебел од 5.000 евра, туку и 50 илјади евра за да го пушти осомничениот бизнисмен од „Империја“  Орце Камчев во домашен притвор, а потоа да му го врати и пасошот. А пак ќе бараат о притворот да и се замени со домашен притвор бидејќи се исполнети условите за укинување и заради влошената здравствена состојба, но откако ќе добијат одговор од судот за претходната жалба со која Јанева гарантира со три стана дека нема да бега. 

- „Состојбата не е добра, вчера беше катастрофална. Имаше болки во градите и докторите констатираа дека е во прединфарктна состојба. Откриени се некакви срцеви аномалии кои дополнително ќе треба да се испитуваат. По приемот на обвинителниот акт ќе поднесеме приговор. Како што кажавме формално не сме побарале спогодба. Во оваа фаза спогодување не е дозволено, но постојат други можности кои обвинетите можат да ги искористат до закажување на јавна расправа.“- изјави Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева.

Покрај Јанева, за „Рекет“ се  обвинети и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец за поткуп од 1,5 милиони евра. Јовановски се товари и за перење пари од рекетот кои биле пуштени во оптек. Иако невработен и со блокирана сметка, тој купувал луксузен мебел, облека и обувки, а одел и во луксузни ресорти во странство. 

Со проширувањето на истрагата пак во „Рекет“ како осомничени влегоа покрај Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, неговата лична асистентка, потоа Јасна Мандик, потпретседателката на Сојузот, но и  Фросина Ременски, функционер од СДСМ.  Ременски вчера откако даде исказ во обвинителството, рече дека не чувствува вина, и дека не размислува да ги напушти функциите во собранието. А Заев пак денеска кажа дека  Ременски е суспендирана од партиските функции.

 

- „Ременски е член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспакт суспензијата дава можност да не ја користи нејзината партиска и политичка моќ во докажување на невиноста. Јас верувам во нејзината невиност, во презумцијата на невиност, но јас сум јас, а тоа треба да се докаже во судските процеси. Верувам дека Фросина ќе ја докаже невиноста и тогаш вратите повторно се широки отворени да се врати во телата и органите на партијата“, кажа Заев.

Петтемина осомничени, според обвинителството, со измама успеале да извлечат речиси 1 милион евра од двајца бизнисмени, за проекти за домови за стари лица. Ременски  присуствувала на средбите меѓу Боки 13 и измамените бизнисмени. А со нејзиниот углед и авторитет допринела жртвите да мислат дека зад проектот стои извршната власт. На Ременски, Миле Јовановски но и на асистенткат а на Боки 13, им се одземени пасошите. А потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ веќе е во домашен притвор.

0 Коментари

Остави коментари