Катица Јанева не била под посебни истражни мерки
Foto

Катица Јанева не била под посебни истражни мерки

Катица Јанева беше најпребаруваното име на „Гугл“ во Македонија на 15 септември 2015 година, откако беше предложена за шефица на СЈО како дел од Пржинскиот договор. По нецели четири години, нејзиното име повторно е број еден на Интернетот во македонскиот простор.

Но, сега како исчезната специјалната обвинителка во оставка, која официјално е на боледување, а може, на некој начин, да биде поврзана со скандалот „Рекет“. За Јанева, сепк, нема посебна истражна мерка. Јавната обвинителка Вилма Русковска вели дека таа не е следена од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Од страна на ОЈО не е побара посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева.“ - рече Русковска.

Овој нејзин коментар даден за Канал 77 следува откако дел од медиуми објавија дека наводно имало забрана за излегување на Јанева преку граница, а истото го кажа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но работите најверојатно од понеделник ќе станат појасни. Русковска очекува до тогаш да заврши вештачењето на едниот мобилен телефон на Јанева, од каде треба да се види дали шефицата на Специјалното јавно обвинителство комуницирала со лицата инволвирани во сканадлот „Рекет“. Вториот мобилен телефон на Јанева се уште не е најден.

Во целиот случај Орце Камчев не е осомничен за давање поткуп, бидејќи со пријавување на случајот тој се ослободува од одговорност.

-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази, вели Русковска.

Русковска уверува дека предистрагата ја работеле долго време. Имало сомнежи дека можеби сведокот, односно Орце Камчев сака да им се одмазди на обвинителите од СЈО, кои против него го отворија предметен „Имеприја'во кој тој, Мијалнков и уште неколку нивни соработници се осомничени за злосторничко здружување, измама и перење пари.

Русковска вели дека предметот Империја не мора да пропадне, туку дека новото обвинителство можело да го почне од почеток. Тој предмет го водеше СЈО, а според обвинителите таму собрани биле веќе 90% од доказите.

0 Коментари

Остави коментари