Катедрата за општа и компаративна книжевност одбележува 40 години постоење
Foto

Катедрата за општа и компаративна книжевност одбележува 40 години постоење

Со дводневна онлајн меѓународна научна конференција „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век”, Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”-Скопје одбележува 40 години постоење.

На конференцијата денеска и утре ќе бидат претставени 40 реферати посветени на развојот на македонската книжевна компаративна наука, на клучните актуелни предизвици на оваа книжевно-научна дисциплина, како и на творештвото на Блаже Конески низ компаративни визури што е во рамки на националното чествување еден век од неговото раѓање.

Катедрата за општа и компаративна книжевност е основана во учебната 1980/1981, на иницијатива на нејзиниот прв раководител, академик Милан Ѓурчинов, уште во март 1977 година. Покрај Ѓурчинов, темелите на овие студии ги поставиле и професорката Вера Јанева-Стојановиќ и академик Влада Урошевиќ - со чие излагање на тема „Поезија и политика” почна работниот дел на конференцијата.

0 Коментари

Остави коментари