Катар останува посветен на борбата против ИСИС во Сирија и Ирак
Foto

Катар останува посветен на борбата против ИСИС во Сирија и Ирак

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар, Шеикот Мохамед бин Абдулхман Ал-Тани на состанокот на Глобалната коалиција за борба против ИСИС истакна дека и покрај исклучителните околности со кои се соочуваат Катар и светот заради коронавирусот, сепак остануваат посветени на борбата против ИСИС во Ирак и Сирија и за целите на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС да создаде услови за постојан пораз на терористичката група преку сеопфатен и повеќестран напор.

Шеикот смета дека злосторствата на ИСИС против цивили и флагрантното кршење на меѓународното право бараат бескомпромисни мерки и зајакната соработка низ сите коалициски линии за да се обезбеди заштита на цивилите и да се осигура дека ИСИС и неговите придружници не се во можност да реконструираат ниту една регионална групација, со што ќе продолжи да претставува меѓународна закана за мирот и безбедноста.

Шефот на дипломатијата истакна дека државата Катар е одлучена да ја продолжи соработката за да ги постигне потребните услови за закрепнување и стабилноста на Ирак и Сирија и да ја обезбеди потребната помош на легитимните партнери на теренот, кои сега се поважни од кога било во контекст на пандемијата.

0 Коментари

Остави коментари