Катар најави помош од нови 10 милиони долари за СЗО за борбата против КОВИД-19
Foto

Катар најави помош од нови 10 милиони долари за СЗО за борбата против КОВИД-19

Покрај својот придонес од 20 милиони американски долари во Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани изјави дека Катар ќе даде финасиска поддршка од дополнителни 10 милиони долари на Светската здравствена организација (СЗО) за опрема за тестирање, третман и вакцина против коронавирусот (КОВИД-19).

Тој додаде дека зголемувањето на меѓународната поддршка и политичката посветеност е најпотребно сега, повеќе од кога било за да се обезбеди пристап до тестовите, третманите и вакцините за COVID-19 за сите.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи рече дека пандемијата од коронавирусот не само што ги тестира здравствените системи, образовните системи и економиите ширум светот, туку на тест ги стави и човечките принципи и можноста за брзо реагирање и солидарност.

0 Коментари

Остави коментари