Касами за ТВ 24: Не се исклучува реконструкција на Владата после изборите
Foto

Касами за ТВ 24: Не се исклучува реконструкција на Владата после изборите

Кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами од БЕСА во емисијата 24 анализа рече дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови. Затоа како Беса биле многу внимателни во однос на трагедијата и кога сите протестирале во Тетово. Не побарале гласови на сметка на трагини настани.

- Нашето постоење е да понудиме решение за актуелните проблеми. Во врска со оставките на министерот и заменикот, ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не? - рече Касами.

0 Коментари

Остави коментари