Каракачанов: Само понудив помош, а се надевам бугарскиот полк во Македонија ќе биде пречекан со цвеќе
Foto

Каракачанов: Само понудив помош, а се надевам бугарскиот полк во Македонија ќе биде пречекан со цвеќе

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов ја  дообјасни својата претходно дадена  изјава. Тој  вели дека не се заканил, туку понудил помош како сојузници во НАТО, според него македонските медиуми погрешно го протолкувале тоа што тој го кажал.  

- По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е:

„Ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатор. Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912,1918 и 1941 година - со цвеќе, леб, сол и духовна музика, порачува бугарскиот вицепремиер.

0 Коментари

Остави коментари