Капитенот на Милан и покрај поразот задоволен од играта против Ливерпул
Foto

Капитенот на Милан и покрај поразот задоволен од играта против Ливерпул

Дефанзивецот на Милан, Давиде Калабрија ги сподели своите впечатоци по натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Миланезите синоќа на гостувањето на „Енфилд“ загубија со 3:2 иако на полувреме водеа со 2:1.

– Ја чувствуваме горчината на поразот. На еден од најубавите стадиони успеавме да го свртиме резултатот со една од најдобрите екипи во Европа, но во второто полувреме примивме два гола. Задоволни сме од играта – за многумина од нас ова е прв меч во Лигата на шампионите. Не беше лесно да се игра на „Енфилд“ на ваков натпревар, изјави Калабрија.

Стрелци за домашниот тим беа Мохамед Салах и Џордан Хендерсон, додека Фикајо Томори постигна автогол. Головите за Милан ги постигнаа Анте Ребиќ и Брахим Дијаз.

0 Коментари

Остави коментари