Канческа Милеска за 24 Отворено: Не можам да го оправдам однесувањето на Груевски
Foto

Канческа Милеска за 24 Отворено: Не можам да го оправдам однесувањето на Груевски

„Сето ова помирување треба да биде низ интеграциски принцип и реформски закони. Сето ова што ни се случи по заминувањето на Груевски, а еве сега и со Мијалков не води во оваа насока, а тоа е телото за помирување и треба да направиме анализа на целата состојбата.“ - изјави во денешната емисија 24 Отворено, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милеска.

Таа не го оправдува бегството на Груевски, и го окарактеризира како немање на желба и чувство да се соочи со вината и со грешките. Таа не го очекувала ова од него и најостро го осудува бегството на поранешниот премиер.

„Не можам да го оправдам однесувањето на Груевски“ - изјави таа.

Во однос на предметите за кои е обвинета, таа вели дека не се согласува селективно да се гледа на случајите.

„Во моментот сме гласале, мојот став бил да се отвори уставот и да дебатираме за тоа. Не треба индивидуално да се гледаат одредени проблеми“  вели Канческа Милевска.

Таа потенцираше и дека се уште нема документ за да види зошто била исклучена од партијта.

 

0 Коментари

Остави коментари