Канцеларии за привлекување странски инвестиции
Foto

Канцеларии за привлекување странски инвестиции

Владата се откажа од економските аташеа и им се враќа на промоторите, што ги лансираше претодната власт иако СДСМ уште во изборната програма наведе дека ќе го напушти концептот на промотори за промоција на Македонија. Сега од Владата тврдат дека новиот концепт за привлекување на странски инвестиции предвидува отворање на три регионални канцеларии, една во САД, една во Германија и една на Блискиот Исток. Новите промотори, за кои Владата не кажа колку ќе бидат на број, нема да имаат врска со македонските амбасади во тие земји и ќе работат по одредени правила.

Трите канцелари на економските промотори би започнале со работа во последниот квартал од годинава, а за тие три месеци од буџетот одвоени се речиси половина милион евра. Промоторите нема да ја промовираат Македонија само како добра дестинација за отпочнување на бизнис. Освен што ќе контактираат со компании, тие ќе прават промоција и на македонски производи со цел зголемување на извозот, а ќе бидат и линк за олеснување на соработката помеѓу домашнте и странските компании.

Владата се откажала од идејата за економски аташеа затоа што тие треба да се вработени најмалку две години во Министерството за надворешни работи, а во моментов таму нема таков кадар.

Првите промотори Македонија ги доби во 2008 година. Тие беа критикувани од СДСМ како скап концепт кој не носи инвестиции. Во изминатите години тие не чинеа над 200 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари