Кампања за подигнување на свеста за ракот на дојка
Foto

Кампања за подигнување на свеста за ракот на дојка

Министерството за здравство заедно со Здружението за борба против ракот „Борка“ денеска со панел-дискусија ја започнува Кампањата за подигнување на свеста за ракот во земјата.

На панел-дискусијата, што ќе се одржи во Домот на АРМ – Струмица, ќе се зборува за ризиците, предизвиците, можните решенија и следните чекори и активности што ќе бидат преземени од Министерството за здравство за намалување на бројот на заболени од рак и за создавање здрава популација.

Меѓу другите говорници, најавено е и обраќање на министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерството за здравство соопштија дека целта на кампањата е активно вклучување на сите релеватни и засегнати страни во создавањето здрава популација, свесна за ризиците и предизвиците, држава со значително намален број на заболени од рак и секако, држава со значително зголемен број на излечени од рак.

– Доколку се открие ракот на дојка во ран стадиум, може успешно да се излекува, потенцираат од Министерството.

0 Коментари

Остави коментари