Камион со македонска регистрација се преврте во Србија
Foto

Камион со македонска регистрација се преврте во Србија

Камион со македонски регистарски таблички се превртел утринава на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун, објавија српските медиуми.

Според наводите на полицијата, возачот со брза помош бил префрлен и Клиничкиот центар во Ниш, но засега нема информации за тежината на неговите повреди. Сообраќајот на таа делница од автопатот кон Белград е во прекин, бидејќи кабината и приколката од камионот целосно го препречиле патот, а кабината делумно ја пробила и заштитната ограда.

Причините за несреќата засега се непознати.

0 Коментари

Остави коментари