КАМЕНОС ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ЦИПРАС, ЧЕКА РАЗВРСКА ВО СКОПЈЕ
Foto

КАМЕНОС ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ЦИПРАС, ЧЕКА РАЗВРСКА ВО СКОПЈЕ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови. На заедничката прес-конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис во Букурешт, чија земја претседатева со ЕУ, Јункер изјави дека е „импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови. Можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив“ - вели Жан-Клод Јункер – претседател на ЕК.

Во меѓувреме, лидерите на коалициските партнери во грчката Влада, премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбрана Панос Каменос, ќе ја чекаат разврската во македонското Собрание околу усвојувањето на уставните амандмани, па потоа ќе ја одржат најавената средба, која претходно беше закажана за денеска. По завршувањето на состанокот на пратеничката група на Независни Грци, што мина без изјави за медиумите, лидерот на партијата и коалициски партнер во владата Панос Каменос се огласи преку неговиот официјален Твитер профил.

„Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот“. - Твитер

За сите нас во Европа е добро да има важна разврска овде во однос на прашањето за Северна Македонија, но за тоа предуслов е храбриот пристап, рече германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

- „За сите нас во Европа е добро да има важна разврска овде во однос на прашањето за Северна Македонија, но за тоа предуслов е храбриот пристап. Ги констатираме храбрите напори од страна на Грција кон соседите во западен Балкан, придонесот на Грција за да постои заеднички именител, конзистентност, и ова е поврзано со прашањето на Северна Македонија. резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро и за грција и за сите нас во европа да постои важна разврска овде, но за тоа предуслов е еден многу храбар пристап“. - изјави Ангела Меркел – канцелар на Германија.

Меркел во рамките на дводневната посета на Грција имаше средба и со лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис.

0 Коментари

Остави коментари