Снежана Калевска Ванчева од СДСМ во емисијата 24 анализа во врска со пописот вели дека ќе добијат издржаа статистичка операција која ќе ги постигне целите.
„Овој закон целата надлежност за одвивање на пописот ја дава во рацете на оној кој е надлежен, а тоа е Државниот завод за статистика. Тоа ќе го направат професионалци и луѓе со кредибилитет. Овој закон ги задоволува сите европски стандарди.“ - рече Калевска Ванчева.
Калевска Ванчева истакна дека не е точно дека законот се носи на шверценрски начин, како што тврдела опозицијата. Пратеничката како прва причина го посочи фактот дека согласно Законот за попис, изгласан од мнозинството пратеници во Собранието, пописот ќе биде спроведен од професионалци од страна на професионална институција, Државниот завод за статистика, по меѓународни практики и согласно стандардите на ЕВРОСТАТ.
0 Коментари