Какви се условите во државниот карантин во „Молика“?
Foto

Какви се условите во државниот карантин во „Молика“?

Мувлосани павлаки, бајат леб, храна со поминат рок. Граѓаните сместени во државниот каратнтин во хотелот „Молика“ на Пелистер се жалат на крајно лоши услови при престојот. 

Владимир Тренчевски кој допатувал од Словенија и во карантинот престојува веќе 9 дена за ТВ24 вели дека неколкупати се пожалиле до персоналот но досега не добиле никаква повратна реакција.

Тренчевски додава дека дополнителна нервоза кај нив создава тоа што никој не им кажува конкретно за колку дена ќе го напуштат карантинот.

Од хотелот „Молика“ пак велат сите обвинувања на сметка на персоналот се дезинформации.

„Пратката со павлаките беше таква уште кога ни ја донесоа. Им ја испративме но кога видовме ние персоналот дека истата е со поминат рок односно мувлосана им јавивме, им се извинивме и дадовме друга храна. Значи секој ден се зема нов леб и тоа дека им се дава бајат леб апсолутно не е точно. Нивните поплаки се конкретно во делот на пријавите што ги добија, имаше пријави дека не ги почитуваат правилата на карантинот и  дека се групираат по соби. Полицијата интервенираше и си ја изврши својата должност“ - велат од хотелот.

Инаку ова не е првпат граѓани да се жалат за условите во државните карантини. Конкретно во карантинот во „Молика“ во моментот се сместени околу 90 луѓе повратници од неколку држави.

0 Коментари

Остави коментари