Кај Струмица се преврте комбе со 50 мигранти -14 повредени
Foto

Кај Струмица се преврте комбе со 50 мигранти -14 повредени

14 мигранти се повредени откако синоќа комбе со битолски регистарски ознаки излета од патот Валандово -Струмица и се преврте пред реката Тркања кај робовската раскрсница.

Во комбето се превезувале 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан и од засега непознати причини пред кривината се превртело најверојатно заради огромната брзина. Малку недостасувало да излетат во реката. Возачот по инцидентот избегал од местото нанастанот.

,,По незгодата возачот побегнал од местото. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле четворица мигранти, а 10 се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.’’ стои во информацијата од МВР.

Пред реката Тркања сеуште имаше остатоци од превртеното комбе. Од Болницата информираа дека една жена е префрлена на скопските клиники. Сите останати се префрлени во Прифатниот центар во Гевгелија.

Завчера на улицата Младинска комбе со кочански регистарски ознаки со 32 мигранти се заби во три возила при што 6 лица беа повредени . Возачот е приведен и против него ќе биде поднесени најмалку две кривични.

Минатиот месец патничко возило кое превезувало 11 мигранти предивика сообраќајка на патот Струмица-Радовиш при што настрада жител од населеното место Градашорци.

0 Коментари

Остави коментари