Каде е Никола Груевски – Унгарија, Русија или Турција?
Foto

Каде е Никола Груевски – Унгарија, Русија или Турција?

Не постојат правни пречки Министерството за правда да побара екстрадиција на пребеганиот Никола Груевски, доколку се разбира тој се уште е во Будимпешта. Додека во Министерството за правда се комплетира документацијата со барањето за испорачување на Груевски, а унгарските власти го разгледуваат неговото барање за политички азил, дел од јавноста ја доведе под знак прашање можноста за екстрадиција на Груевски да пропадне, бидејќи двете земји немаат потпишано билатерален договор за екстрадиција.

„Нема потреба да се прави паника околу екстрадицијата на Груевски. Точно е дека со Република Унгарија немаме потпишано договор за екстрадиција, но треба да се има в предвид дека двете земји се потписнички на Европската конвенција за екстрадиција, но и други меѓународни конвенции.“ - вели Рената Дескоска.

Република Македонија, освен Европската конвенција за екстрадиција, на располагање го има и Законот за меѓународна правна соработка во сферата на кривичната материја, но и договорот потпишан помеѓу поранешна Југославија и Унгарија, за взаемна правна помош, потпишан пред 50 години. Додека јавноста во Македонија се занимава со прашањето за екстрадиција и азил, останува енигма рутата на Груевски, односно како и со чија помош тој ја напушти државата, но и каде се крие во моментов. Официјалната верзија на настаните е дека тој на нелегален начин влегол во Албанија, а потоа преку Црна Гора и Србија стасал до Унгарија. Засега единствен доказ дека Груевски е во Будимпешта е зборот на контровезрниот премиер Виктор Орбан. Од друга страна неофицијалната верзија на настаните е дека Груевски влегол во Албанија кај месноста Три чешми, во близина на Дебар, во земјата престојувал пет дена, засолнет во едно село, а од таму заминал кон непозната дестинација, најверојатно кон Турција. И албанските медиуми денеска ја потврдија веста што 24 ја објави, дека тој ја минал границата во блзиина на дебар на нелегален начин. Во веста на медиумите се додава и дека во бегството се замешани тајни полициски служби.

0 Коментари

Остави коментари