Кабинет на Жосеп Борел за тв24: ЕУ ќе додели 8 милиони евра за Северна Македонија за вакцини и потребна опрема
Foto

Кабинет на Жосеп Борел за тв24: ЕУ ќе додели 8 милиони евра за Северна Македонија за вакцини и потребна опрема

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жосеп Борел денеска се состана со вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од кабинетот на Борел, за телевизија 24 велат :

Потпретседателот на ЕК Борел, вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни работи Османи разговараа и за привилегираното партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан во справувањето со предизвиците поврзани со пандемијата COVID-19, вклучително и пристапот до вакцините. ЕУ стави на располагање 70 милиони евра, од кои 8 милиони евра ќе бидат доделени на Северна Македонија, за да се покријат трошоците за некои дози и да се набави потребната опрема за вакцинација.

0 Коментари

Остави коментари