Југоистокот ќе формира јавно претпријатие кое ќе управува со стационарите за бездомни животни
Foto

Југоистокот ќе формира јавно претпријатие кое ќе управува со стационарите за бездомни животни

Општините од Југоистокот ќе формираат регионално Јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за управување со прифатните центри – стационари за хумано третирање на бездомните животни. 

Ваква одлука донесe десетте градоначалници од Југоисточниот регион кои расправаа по кој модел да функционира и кој ќе управува со стационарот што се изгради во Струмица и стационарот што треба да се гради во гевгелиско-валандовскиот микро регион. 

Двата стационара се дел од проектот на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за да регионално се реши проблемот со кучињата скитници. Средствата во висина од околу 20 милиони денари беа обезбедени од Бирото за регионален развој, но и од буџетите на десетте општини.     

Првиот човек на Југоистокот, Јаневски очекува ова година да бидат донесени тие акти и да профункционира регионалното јавно претрпијатие кое ќе врши заловување, транспортирање и хумано третирање на кучињата скитници.

Југоистокот е прв регион во државата кој заеднички се обидува да го реши проблемот со кучињата скитници. Досега општините ангажираа приватни фирми и плаќаа од 8 до 10 илјади денар за заловување и хумано третирање за едно бездомно куче.

0 Коментари

Остави коментари