Јубилеен 80. триумф во Ф1 за Луис Хамилтон
Foto

Јубилеен 80. триумф во Ф1 за Луис Хамилтон

 Двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас се најдоа на првите две позиции на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Велика Британија. За Хамилтон ова беше 80. триумф во неговата Ф1 кариера и шести на британското Гран при.

Покрај второпласираниот Ботас, на победничкиот подиум се искачи и третопласраниот Шарл Леклер од Ферари. Бодови освоија и возачите пласирани од 4-10.место: Гасли, Верстапен, Сајнц, Рикиардо, Раиконен, Квајт и Хулкенберг.

Вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел не освои бодови отако по еден судир со Макс Верстапен го загуби ритамот на трката и заврши на 15.место. Во Генералниот пласман Хамилтон е убедливо прв со 223 бода, Ботас има 184, Верстапен е трет со 136.

0 Коментари

Остави коментари