ЈСП „Скопје“ најавува повеќе автобуси во промет - поради ковид-19 има загуба од 4 милиони евра
Foto

ЈСП „Скопје“ најавува повеќе автобуси во промет - поради ковид-19 има загуба од 4 милиони евра

По апелот на Комисијата за заразни болести јсп да пушти повеќе автобуси за да се избегнат гужвите, директорот Кристијан Чушков за тв 24 вели дека ќе постапат по укажувањето.

Но, тврди дека нивниот систем до сега не регистрирал метеж во автобусите. Од почетокот на пандемија на ковид-19 до сега за 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз.

Загубата на ЈСП е околу 4 милиони евра. Јавното претпријатие очекува финансиска поддршка од владата.

0 Коментари

Остави коментари