Јовески за ТВ24: Носењето на Законот за ЈО го гарантира правниот тек на истрагите на СЈО
Foto

Јовески за ТВ24: Носењето на Законот за ЈО го гарантира правниот тек на истрагите на СЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за Телевизија 24 го поздрави донесувањето на Законот за јавно обвинителство околу кој се кршеа копјата меѓу власта и опозицијата.

„Добро е што се донесе Законот бидејќи во него се гарантира правниот тек на истрагите од Специјалното јавно обвинителство, има поголема финансиска независност од претходно и зајакнување на капацитетите со обвинители. Политичките пораки нема да ги коментирам, ние ќе продолжиме професионално да работиме и во иднина“ - рече Јовески.

Законот за Јавното обвинителство беше донесен во неделата, со мнозинство гласови во Собранието.

0 Коментари

Остави коментари