Јовановиќ: Македонија плаќа најскапа струја во Европа
Foto

Јовановиќ: Македонија плаќа најскапа струја во Европа

Македонија заедно со Бугарија и Романија на врвот на листата за најскапа струја во Европа. Во време на корона криза, кога приходите на граѓаните се намалуваат, ќе растат сметките за струја. Додека голем дел од државите носат одлуки за намалување на цените или ги ослободуваат граѓаните, со оглед на тоа дека во ваква криза први на удар се најсиромашните, колку е оправдана македонската одлука за повисока струја од 7,4 отсто која треба да се наплаќа од следниот месец?

Професорот Бранимир Јовановиќ и поранешен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски за ТВ24 вели дека револтира начинот што ваква одлука се носи преку ноќ, без никаква дебата и предпразнично. Тој бара одговорност.

„Ова се податоци од Евростат, не се податоци кои се нерелевантни. Цена на 1 мегават – час електрична енергија кај нас чини околу 20 проценти од месечната плата во државата. Просечната плата е околу 400 и нешто евра. Во Хрватска тој процент е 17, значи многу помалце од кај нас. Во Грција тој процент е 12. Во Велика Британија тој процент е 7. Исланд има најефтина струја во Европа и тој процент е само 3 отсто. Единствено Романија има 21 процент. Бугарија слично како кај нас. Тие се државите што имаат најскапа струја. Ние, Бугарија, Романија. Сите други држави имаат многу поефтина струја“ - вели Јовановиќ.

Јовановиќ смета дека зад оваа одлука стои политички фактор - Владата или Собранието, затоа што не може најкрупната економска одлука во изминатите години да се префрлува на Регулаторна комисија за енергетика и да се третира како техничка. 

Тој апелира до Регулаторната комисија да ја повлече одлуката.

На иста линија и граѓаните.

Во меѓувреме десетина синдикати и здруженија побараа од Регулаторната комисија веднаш да ја повлече Одлуката за поскапувањето на струјата. Според нив поскапувањето на струјата за 7,4 проценти е скандалозно, особено иритира тоа што тоа што ваква одлука се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите.  

Првиот човек на Регулаторна вчера во интервју за ТВ24 одлуката ја правдаше со намалување на профитот на енергетските компании.

И додека граѓаните крпат крај со крај, проценките на експертите, се дека ЕВН минатата година остварила нето добивка од 36 милиони евра, МЕПСО 7 милиони, ЕСМ или ЕЛЕМ по старо, 3 милиони добивка. Во исто време, околу 100.000 граѓани живееле со помалку од 40 денари на ден.

0 Коментари

Остави коментари