Јордановска за тв 24: Не можеме да дискутираме за јазикот и историјата
Foto

Јордановска за тв 24: Не можеме да дискутираме за јазикот и историјата

Ивана Јордановска  магистер по меѓунардони односи во емисијата Трилинг истакна дека барањата на Бугарија во однос на јазикот се бесмислени и засега треба да се движиме во тој правец дека не можеме да дискутираме за јазикот и историјата.

„Тие билатернални прашања не смеат да бидат дел од преговарачкарта рамка и тоа е правец кој треба да се задржи.“ - вели Јордановска.

Таа истакна дека не се проблем луѓето и дека во самата влада на Бугарија има многу луѓе кои разбираат дека таквите барања се нереални и немаат допир со меѓунардоното право. Истакна дека Захариева е таа која освојува поени и на изборите се користи таква реторика за да им донесе гласови.

0 Коментари

Остави коментари