Јавното обвинителство има сознанија дека во случајот „Рекет“ биле изнудени пари и од други бизнисмени
Foto

Јавното обвинителство има сознанија дека во случајот „Рекет“ биле изнудени пари и од други бизнисмени

ОЈО има нови сознанија за уцени на лица кои биле мета на осомничените во случајот Рекет вели во интнервју за Дојче веле обвинителката Вилма Русковска. Медиумот пренесувајќи ја изјавата на обвинителката наведува:

„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите. Се работи за бизнисмени кои тврдеа дека се уценувани од двајцата осомничени во овој случај “

Откако од ОЈО не ја исклучија можноста истрагата да се прошири и да бидат опфатени и повеќе лица, а во јавноста излегоа информации за високи владини функционери под псевдонимите Кики и Фрики, премиерот Заев и денеска ги повика медиумите на истражувачко новинарство и ако имаат сознаније да ги обелоденат под вистинско име и презиме. Тврди секој кој што се огрешил пред законот нема да биде заштитен и ќе одговара пред институциите.

Она што е познато дека двајцата осомничени во Рекет Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец во понеделникот добија 30 дневен притвор а истиот ден кога беа извршени и претресите во нивните домови, по налог на обвинителство беше земен и мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева која истиот ден поднесе оставка од функцијата која до сега ја вршеше.

Опозицијата пак бараше одговори и од Јанева но и целосно расветлување на случајот, премиерот Заев пак тврдеше дека како совесен граѓанин пријавил за сознанијата и жалбите кои дошле до него од лица кои тврделе дека биле мета на уцени. И од обвинителството потврдија дека премиерот Заев веќе информирал за она што до него стигнало како информација, а институциите и натаму работат на расветлување на случајот.

0 Коментари

Остави коментари